Општи Услови за Користење на Апликацијата “Speed Taxi”
За да ги користите овие услуги, вие се согласувате со општите услови и правила
за соодветно користење на апликацијата “Speed Taxi”. Ве молиме прочитајте ги
внимателно.
1. Користење на Услугите
Почитувани корисници, вие мора да ги следите сите политики и услови кои се
достапни за вас во рамките на користењето на апликацијата. Корисниците мора
да управуваат со оваа услуга само на начин на кој тоа е дозволено, во спротивно
„Speed Taxi” може да ја суспендира или целосно да ја стопира работата на
апликацијата за вашиот профил. Со користењето на оваа апликација вие не се
стекнувате со никаква интелектуална сопственост, или пак можност за користење
на брендот, логото и содржината на оваа услуга што е забрането со закон.
2. Опис на Апликацијата
- Апликацијата е интернет сервис кој им овозможува на корисниците бесплатно да обезбедат такси возило на
посакуваната локација. Оваа апликација е компатибилна на Android 4.0 оперативен систем и сите наредни верзии
на Android.
- За корисниците да можат да ги користат услугите на апликацијата преку својот мобилен телефон или таблет,
најпрво мора да бидат поврзани на Wi-Fi мрежа или на податочна врска од мобилниот оператер.
- Корисникот може да прифати автоматско ажурирање на апликацијата доколку самиот сетира автоматско ажурирање
на нова верзија.
- Преземањето и користењето на апликацијата е бесплатно.
3. Креирање и Користење на Профил
- За да можете да ја користите услугата на оваа апликација, вие мора да направите ваш профил. При креирањето
на вашата регистрација, потребно е да ги внесете бараните податоци кои мора да бидат комплетни, точни и јасни
како би го активирале вашиот профил.
-
Со внесените ваши лични податоци и активирањето на апликацијата
вие потврдувате дека:
- Се согласувате „МАВИ - Логистик” да раководи со податоците кои се прибрани од
корисникот при креирањето на профилот, а кои се поврзани со апликацијата.
- Се согласувате дека податоците можат да бидат искористени од лицата кои раководат со работата на
апликацијата исклучиво за доделување на услуга и во мера во која тоа е потребно за обработка на
податоците.
- Корисникот е должен во тајност да ги чува корисничкото име и лозинката, а доколку постои неовластена
употреба, веднаш да се пријави во „Speed Taxi” на бројот 13596.
- На корисникот му се препорачува веднаш да ја промени лозинката доколку мисли дека е нарушена безбедноста на
профилот од други лица.
- Доколку корисникот овозможи пристап на својот профил за други лица, тоа го прави на свој ризик и за тие
активности одговара лицето кое го поседувa профилот.
- На корисникот му е строго забрането:
- да користи профил со идентитет и лозинка на друго лице со намера да се претставува лажно и да се обидува
да добие услуга која е проследена со лажни и неточни информации.
- да го користи идентитетот на „Speed Taxi” по сопствена желба, а истото тоа да се смета
за непримерно или
да биде казниво. - да доведува во заблуда трети страни со користење на содржината и активностите поврзани
со апликацијата.
- да доведува во заблуда трети страни со користење на содржината и активностите поврзани со апликацијата.
- да ја користи Апликацијата за да дистрибуира Спам пораки (e-mail, вести, блог,СМС, видео конферениции
итн) кои се однесуваат на лична промоција, промоција на производ и услуга, или на нејкој друг вид на
промотивни активности.
- да ја користи Апликацијата за ставање во употреба и ширење на било каков вид на интернет програми,
пораки и податоци (вируси, spyware, malware, и слично) или друг софтвер кој може да биде штетен на други
лица, мобилните и компјутерски уреди или на содржината на уредите на други лица.
- Корисникот може да ја деактивира апликацијата во било кој момент доколку мисли дека има потреба од тоа
- Доколку апликацијата се злоупотребува и се користи спротивно од општите правила и услови од страна на
корисникот, „Speed Taxi” може истата апликација да ја суспендира се додека апликацијата не се
користи според општите услови и правила, или пак може целосно да ја стопира неговата употреба за профилот кој
не ја користи соодветно.
4. Приватност и Безбедност
- Корисникот се согласува „SpeedTaxi” да може да ги користи неговите лични податоци за
анализа поврзана со напредувањето на апликацијата.
- Содржината која корисникот ја доставува или прима при порачувањето на такси возило ќе биде зачувана.
- Приватноста на сите користици на апликацијата ќе биде заштитена во согласност со Законот за заштита на
личните податоци (Сл.весник бр. 7/5005). За потребите и ефективно функционирање на апликацијата се собираат
само основните податоци на корисниците или дополнителните информации за кој самиот клиент се согласил. Сите
податоци кои се однесуваат на корисниците/клиентите се чуваат строго доверливо и се достапни само за
вработените во „МАВИ Логистик(Speed Taxi)” на кои овие податоци им се потребни за работа. Сите вработени во
„Speed Taxi” се обврзани под материјална и кривична одговорност да го почитуваат принципот на заштита на
приватноста.
- Собраните податоци се обработуваат електронски. Имате право на пристап, промена, поправка или бришење на
вашите податоци согласно Законот за заштита на личните податоци. Ова право можете да го остварите преку
испраќање на писмо или Email на:
- _Б.Б. Гуцман бр. 2-1/2 (Speed Taxi 13596) (адреса)
- mavilogistik@yahoo.com (е-маил)
- Доколку корисникот го продаде или од некои други причини веќе не го користи тој мобилен уред или таблет на
кој е инсталирана апликацијата, тој е должен да ја избрише истата за да не биде злоупотребен неговиот профил
или неговите податоци. Со тоа се оневозможува пристап на вашиот профил од друго лице. „Speed Taxi” не е
одговорна за настанатата штета по било кој основ доколку корисникот/клиентот не се придржува кон
горенаведеното правило.
5. Права за Содржината
- „Speed Taxi” на корисникот му дава лична, ограничена, бесплатна, непренослива и неексклузивна лиценца за користење на апликацијата за лични потреби.
- Корисникот е одговорен за содржината која треба да не е навредлива, да не поттикнува кривични дела, дискриминација или омраза врз основа на раса, боја, кожа, пол, религија, етнички и национални припадности или друго.
6. Неовластена Употреба
Корисникот се обврзува дека оваа Апликација нема да ја употреби за цели и работи кои не се во согласност со законот и другите важечки прописи на Република Македонија и други меѓународни права, и дека дека нема да повредува друго лично право, добрите деловни обичаи и правата на заштита на потрошувачите.
7. Сопственост
„Speed Taxi” како оператор и сопственик на апликацијата е овластена да ја експлоатира апликацијата во целосен обем. Сопственикот и овластениот оператор го задржуваат правото на промена на овие Правила и услови на користење , во секое време и без претходна најава, сите промени ќе стапат во сила на денот на нивното објавување. Информациите кој што се однесуваат на променетите услови ќе бидат благовремено објавени на страницата Општи услови за користење на Апликација “Speed Taxi Kumanovo” и должност на корисникот на апликацијата е навремено да се информира.
8. Заштита на Авторски Права
Содржината на апликацијата е заштитена со Законот за авторското и други сродни права (Сл.весник бр. 115/2010). Авторските права важат за целата содржина на Апликацијата. Согласно горенаведеното, содржината и делови од содржината може да се користат само на начин и под условите предвидени со овие Општи услови за Користење.
9. Ограничување на Одговорност
Сопственикот и овластениот оператор на апликацијата под ниту едни околности не сноси одговорност спрема корисникот:
- За неправилно користење на Апликацијата, како и за евентуалните штети кој настанале по тој основ.
- За било каква штета која корисникот ќе ја има со неправилно користење на сајтот или на мобилната апликација, како и други информации, сервиси, услуги, или производи до кои е дојдено преку Апликацијата или линковите поврзани со неа.
- За направилно функционирање или привремен прекин на работата на сервисите по било кој основ.
Ви благодариме за користењето на нашата апликација!